Претседателот на Бундесбанката, Јенс Вајдман кој што е меѓу најконзервативните членови на Управниот совет на Европската централна банка, ќе се повлече од функцијата на 10 декември, објавува германската централна банка.  

Вајдман, долгогодишен критичар на лесната кредитна политика на ЕЦБ, вели дека поднесува оставка од лични причини. Но, неговата проштална порака сепак предупреди за инфлациски ризици. „Дојдов до заклучок дека повеќе од 10 години се добар период за да се сврти нов лист – за Бундесбанката, но и за мене лично“, изјави  Вајдман, пренесува Ројтерс.

Вајдман, кој беше меѓу неколкуте креатори на политики кои се спротиставија на ветувањето на ЕЦБ во јули да ги задржи каматните стапки на рекордно најниско ниво додека инфлацијата не се стабилизира на 2%, предупреди дека не треба да се заборави ризикот дека цените може да растат премногу брзо. Од клучно значење е да не се гледа еднострано на ризици од дефлација, но да не се губат од вид ниту потенцијалните инфлаторни опасности“, потенцира тој.

ЕЦБ се бореше со слабиот раст на цените веќе една деценија, но инфлацијата нагло порасна во последните месеци и достигна 3,4% во септември, покажуваат податоците. Вајдман ја предводи Бундесбанката од мај 2011 година, преземајќи го целиот долг во еврозоната.