Кина и Франција постигнаа согласност за разрешување на трговските и финансиските прашања преку разговор и преговори, објави вчера кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот француски колега, според соопштението од неговото министерство.

Во извештајот не е прецизирана суштината на постигнатата согласност.

Како што е пренесено, Ванг Ји му рекол на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Бароу дека двете држави треба да го поттикнуваат стабилниот прогрес на односите меѓу Кина и Европската Унија и дека Кина и Франција треба да ги почитуваат меѓусебните „основни интереси“.