Инфлацијата оди нагоре, цените повторно се без контрола, платите стагнираат. Во Макеоднија моментално добро живеат само функционерите од власта – обвинуваат од Бихаќка.

Критикувајќи ги економските политики на власта велат дека ова веќе не е само економска криза, ова свесно и намерно понижување на достоинството на секој граѓанин на Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи, не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот.

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес е претпоследна во Европа по висина на минимална плата, зад нас е само Албанија. Истовремено сме последни по куповна моќ

Од друга страна, дома граѓаните се жалат покрај ниските плати и на високите цени на основните прехранбени производи.