На 8 октомври 2025 година, во Собранието на Република Македонија беше доставен предлог од Владата за измени на Законот за додадена вредност (ДДВ), кој предвидува укинување на ослободувањето од плаќање на ДДВ за производите што граѓаните ги нарачуваат од странство, ако нивната вкупна вредност не го надминува износот од 22 евра.
Со оваа измена, сите нарачки кои беа ослободени од ДДВ (од шрафови до облека) и чие вкупно вредност беше до 22 евра, ќе поскапат за 18 проценти, колку што изнесува актуелната стапка на ДДВ. Предлог-законот предвидува ослободување од ДДВ само за мали пратки со некомерцијална вредност, испратени од физичко лице на физичко лице, кои не надминуваат вредност од 22 евра. Ослободувањето од ДДВ, меѓутоа, нема да се применува за алкохол, парфеми, тутун и слични производи.
Измената на Законот за ДДВ е мотивирана од растечката популарност на меѓународните платформи за онлајн купување, како што е кинеската платформа Тему, на која македонските граѓани во јуни 2025 година нарачале дури 250 тони стока. Според податоците на Царинската управа, 95 илјади килограми од овие пратки имале третман на мали пратки, за кои не биле наплатени давачки, додека останатите 150 илјади килограми биле обврзани со давачки во износ од 41,7 милиони денари.