Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од лани, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните а неплатени обврски за над 15 милиони евра. На квартално ниво пораст на долговите има и во Јавното здравство и кај општините – покажува споредбената анализа на “Порталб“ врз основа на податоците од првиот квартал од годинава во однос на  последниот од лани.  На крајот на март “внатрешниот “ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра.

 

Државните ЈП и фирми “лидери“ според долгот, над 358 милиони евра

 

Министерствата , општините, јавните претпријатија на централно ниво, државните фирми и јавното здравство за три месеци , или во првиот квартал од годинава во споредба со последниот од минатата ги зголемиле долговите. Според новите податоци од Министерството за финансии доспеаните а неплатени обврски на државните ЈП и фирмите во државна сопственост на крајот од март надминаа 358 милиони евра и во однос на состојбата во декември кога изнесувале 343,3 милиони евра, сега се зголемени за дури 15,2 милиони евра. Според висината на доспеаните а неплатени долгови се Општинските јавни претпријатија со износ од 111,4 милиони евра но кај нив има намалување од 2,3 милиони евра.

На трето место со доспеани а неплатени обврски се Општините чиј долг на крајот на март надминаа 63 милиони евра и за три месеци се зголемени за 2,6 милиони евра. На четврто место со неплатен долг од 59,8 милиони евра се Јавните здравствени установи и овие обврски во однос на последниот квартал од лани кога изнесувале 54,3 милиони евра, се зголемени за 5,4 милиони евра. Долгот на Буџетските корисници од прва линија ( министерства и институции кои се под нивна надлежност) е скоро 16 милиони евра и за три месеци е зголемен за 2,2 милиони евра.

                                           Доспеани а неплатени обврски

 

                                                                                 1к/25                               4к/24

Државни ЈП и државни фирми                     358 667 000 е            343 435 720 е

 

Општински ЈП                                                     111 396 000 е            113 736 000 е

Општини                                                                63 435 000 е               60 783 000 е

Јавно здравство                                                   59 808 000 е               54 392 000 е   

Буџетски корисници (1-ва линија)                  15 982 000 е              13 707 330 е

Извор: МФ

Сумираните податоци покажуваат дека на пример само Општините и Јавните претпријатија формирани и менаџирани од локалните власти, заедно должат дури 174,8 милиони евра.

Половина на внатрешниот долг отпаѓа на само 5 државни фирми…

Првите пет места на новата “должничка“ листа на Министерството за финансии се “резервирани“ за пет фирми по државна “капа“. На прво место со доспеани а неплатени обврски во износ од 88,4 милион евра е Номагас АД Скопје, на второ место со долг од 74,5 милион евра, на трето место со 59,1 милион евра е државната ЕСМ – електрани, следува ЈП МЖ – инфраструктура со долг од скоро 59 милион евра и на петто место е државната ЕСМ – дистрибуција  со доспеани а неплатени обврски на крајот на март во износ од 33,7 милиони евра              

                           Доспеани а неплатени обврски ( 1 квартал 2025 )

Номагас АД Скопје                           88 400 000 е

АД МЖ “Транспорт“                         74 571 000 е

АД Електрани- ЕСМ                           59 100 000 е

ЈП МЖ – инфраструктура                 58 971 400 е

ЕСМ – дистрибуција                          33 736 318 е

Извор: МФ  

Доспеаниот а неплатен долг само на овие пет компании менаџирани од државата изнесува 314,7 милиони евра што претставува половина од вкупниот внатрешен долг што го пријавиле сите институции, јавни претпријатија, министерства, агенции, здравство, образование, култура, судство, општини…

                   Доспеани а неплатени обврски

1 К/ 25                  651 807 200 евра

4 К/24                   626 267 000 евра 

На крајот на март “внатрешниот “ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра и во споредба со последниот квартал од лани, или за три месеци , тој е зголемен за 25,5 милиони евра.