Британскиот завод за национална статистика (ОНС) денес објави дека стапката на невработеност во Велика Британија изнесувала 4,5% во првите три месеци од оваа година, што е највисокото ниво во последните речиси четири години, пренесе „Гардијан“.

Бројот на слободни работни места во британската економија се намалил за 5,3% во трите месеци до крајот на април, во услови на зголемување на придонесите за национално осигурување на работодавачите.

Во тој период имало 761.000 слободни работни места, што е пад од 131.000 во споредба со претходната година, при што градежниот сектор доживеал најголем пад, објавува „Гардијан“.

Растот на платите, исто така, ослабна, бидејќи редовните приходи во Велика Британија се зголемија за 5,6 проценти во трите месеци до март 2025 година, забавувајќи од 5,9 проценти во претходниот квартал.