Во илјадици евра се проценуваат штетите на струмичките земјоделци чии посеви минатата седмица беа погодени од силно невреме со дожд и град. Покрај пропаднатите реколти, особено тие на отворено, најголеми загуби бележат во уништените пластеници. Велат штетите тешко ќе се надоместат.

Земјоделците почнале да ги пријавуваат штетите во општината и се надеваат дека наскоро ќе излезе комисија за проценка. Според нив, секоја помош ќе е добредојдена.

Од Општина Василево, каде имаше најмногу штети информираат дека е формирана комисија за проценка на штети, а погодените земјоделци барања за проценка може да се поднесуваат до дваесетти мај.

Невремето траеше само дваесетина минути, но во тој период се уништени соттици хектари земјоделски насади, зеленчук, пластеници и лозје. Најмногу настрада нивите во селата Пиперево, Сарај, а дел и Василево и Хамзали.