Според податоците на Евростат, просечната стапка на вработеност кај лицата на возраст од 20 до 34 години кои дипломирале на факултет во последните три години била 84,9% во 2024 година. Но разликите од стапката на невработеност на младите дипломци се движат од 65% до речиси 94%.
Дипломираните студенти во северните и централните европски земји имаат најголеми можности за работа, каде што стапката на вработеност надминува 90%. Од друга страна, југот и југоистокот на Европа бележат значително полоши резултати, во некои земји помалку од четири петтини од високообразованите млади луѓе се вработени, пишува Еуроњуз бизнис.
Податоците покажуваат и изразени разлики меѓу половите. Во просек, 86% од мажите со факултетска диплома наоѓаат работа во рок од три години, во споредба со 84% од жените. Сепак, во осум земји жените имаат поголема вработеност од мажите, најмногу во Грција, Хрватска и Шпанија. Од друга страна, најголемиот јаз во корист на мажите е забележан во Турција, Словенијаи Србија. Во споредба со најразвиените економии, Германија е на врвот со речиси 92% вработени дипломирани студенти, додека Италија и Франција заостануваат, повеќе од една петтина од младите луѓе со високо образование не се вработени таму.
Без оглед на разликите, трендот е јасен, високото образование продолжува значително да влијае на животниот стандард. Во просек, луѓето со универзитетска диплома во ЕУ заработуваат 38% повеќе од оние со средно образование, па дури и 68% повеќе од луѓето со ниски квалификации, пренесува Бизлаив.