Во вториот квартал годинава регистрирани се 10.323 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, стапката на слободни работни места во вториот квартал од 2025 година изнесува 2,08%. Најмногу слободни места има во преработувачката индустрија вкупно 2.262 и во трговијата со 2.126. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54%.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,7% има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна (733 слободни места), додека најмала е стапката во секторот јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,36% (160 слободни места).
Деловните субјекти со од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69.