Алта банка А.Д. Белград, една од водечките и најиновативни финансиски институции во регионот, направи голем чекор со доставување на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола.

Со оваа инвестиција ќе започне ново поглавје на раст во секторот на финансиските услуги за граѓаните и компаниите во Македонија. Понудата за преземање објавена на 11 септември годинава  се однесува на сите акционери кои поседуваат акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.