„Мојата порака до земјоделците е да продолжат да бидат храбри и да произведуваат. Министерството и Владата ќе бидат тука, партнерски да работиме за одржување и унапредување на секторот. Се надевам на добро здравје, плодна година, поволни климатски услови и 2026 година која ќе биде уште поуспешна“, порача министерот Трипуновски.
„Еден од моите приоритети е како да внесеме нова сила и нова енергија во земјоделскиот процес, затоа што само на тој начин ќе обезбедиме предвидливост и одржливост во секторот. Покрај стимулациите и финансиските програми, еден од клучните приоритети е рентабилноста, бидејќи секој млад човек, без разлика дали сака да се занимава со земјоделство или со некоја друга дејност, секогаш гледа дали постои рентабилност. Затоа наш фокус е да обезбедиме рентабилност во земјоделскиот сектор“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „Аграр“.
Тој појасни дека на сите јавни повици и објави, младите луѓе кои аплицираат без разлика дали станува збор за доделување земјоделско земјиште или за други видови грантови имаат предност.
„На тој начин им даваме отворена врата и сигурност да го реализираат својот интерес“, нагласи министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека во новиот Закон за земјоделство и рурален развој е предвидена посебна мерка која ќе значи директна поддршка и враќање на младите луѓе кои ќе започнат сопствен земјоделски бизнис. Со донесувањето на законот ќе бидат обезбедени сериозни грантови со цел да се стимулираат младите да се вратат во руралните средини и активно да се вклучат во земјоделското производство.
„Првите сигнали кои пристигнуваат по пласирањето на оваа идеја се навистина позитивни и за поздравување“, истакна министерот.