Перспективите на македонската и на економиите од регионот, можностите и предизвиците што се исправени пред компаниите, развојот на пазарот на капитал, трендовите во дигиталната трансформација на компаниите, како и други теми од областа на финаисиите и берзите ќе бидат во фокусот на дискусиите во рамки на 24. Конференција на Македонската берза што традиционално се одржува во Охрид.

Агендата на собирот предвидува серија панел-дискусии на теми важни за компаниите и берзанското работење, интервјуа, подкасти, со предвидени предавања и излагања на експерти од односната проблематика.

Работниот дел на Конференцијата почнува в петок од 9:30 часот, со поздравни обраќања на главниот и извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев, на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и на претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази.

Учесниците ќе можат да проследат и повеќе интересни интервјуа, а на различни теми од областа на финансииското и берзанското работење мешу другите ќе говорат и Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ, Атила Тот – раководител на Секторот за развој на финансиски пазари и пазари на капитал во ЕБРД, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и извршниот директор на Неотел, Даме Цветковски.

На годишните конференциии на Македонската берза учествуваат стотици претставници на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во хартии од вредност. Тие се добра можност за финансиските институции да ги развиваат стратегиите во работењето, подобрување на ефикасноста, следење на светските текови и трендови.