Војната на Блискиот Исток предизвика силен потрес на глобалниот пазар на Нафта. Особено е голем растот на цените на дизелот. Во Филипините има најголемо поскапување, дури 81,6 проценти, по што следат Нигерија со 78,3 отсто, Малезија каде што цената на дизелот пораснала за 57,9 проценти. Во САД цената на дизелот пораснала за 41,2 проценти.
Но, одредени земји остануваат релативно стабилни. Па така во Индија и Саудиска Арабија нема промена на цената, додека Русија има незначителен раст од само 0,5 проценти.