Во скопскиот регион се краде струја во вредност од 50 милиони евра годишно

2022-08-17 19:00

Инфомакс пишува за сериозен проблем со кој се соочува правната држава и имплицира сериозен грабеж кој веројатно се случува со амин власта, а го плаќаат обичните граѓани и бизнисот.Станува збор за оваа јавна тајна за која никој нема храброст да проговори поради политички или бизнис интереси, велат од порталот.

Според Инфомакс, се работи за контиунирана, бескомпромисна и дрска кражба на струја во Општина Арачиново која се одвива со години во Арачиново. Како пишуваат од порталот во Арачиново крадат енеормни количини на електрична енергија и за тоа ќе презентираат факти и бројки од неколку трафостаници на ЕВН во Арачиново.

 

 

Ова статистика се однесува само на месец февруари 2022 година и загубите на електрична енергија во Арачиново изнесуваат околу 80%!

Арачиново Трафостаница број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%,

Арачиново ТС број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%,

Трафостаниците во Арачиново со броеви 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја.

Трафостаниците во Арачиново со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја

Арачиново ТС број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја

Или вкупно 2 800 MWh изнесува загубата во овој реоно поради кражба на струја само во февруари 2022 година или тоа е над 20 000 MWh загуба годишно. Ако набавката на електрична енергија e 300 евра по MWh, кражбата на струја изнесува фантастични 6 милиони евра годишно или 60 милиони евра за 10 години.

 

 

Практично се= евидентирани кражби на електрична енергија во скоро сите ормари, алармите се оштетени и демонтирани во сите ормари, нема услови за безбедно вршење на редовните работни активност, односно вработените постојано се соочуваат со вербални и физички напади.

ЕВН од 2014 година па наваму инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа кон Арачиново, а како странска фирма ја надополнува загубата која на крај ја плаќаат граѓаните кои редовно ги плаќаат своите сметки за струја.

Обидите на локалната и централната власт да се справи со проблемот речиси никакви. Претходната градоначалничка на Арачиново можеби имаше и најнесериозен пристап кон решавање на овој проблем.

МВР е нем и е немоќен набљудувач во оваа невидена кражба и најверојатно фактурата од 6 милиони евра годишно треба да притстига на нивна адреса.

Се отвара прашањето зошто се молчи, зошто се толерира овој грабеж кој го плаќа секој обичен граѓанин и бизнисот.

Во тек се анализи и за одредени региони кои исто така според одредени информации кражбата или загубите на струја е исто така огромно, станува збор исто така за скопскиот регион во Сингелич, Серава, Грчец и Студеничани. Ако тенденцијата за кражба на струја е скоро со ист процент како во Арачиново, тогаш во Скопскиот регион се крадат фантастични 50 милиони евра годишно.

 

 

Додека секојдневно устата и на власта и на опозицијата е преполна со правната држава, никој не се одважува да говори за овој криминал кој тежи милиони.

Правната држава е доведена во прашање катастрофален е и сигналот кој како држава и општество го испраќаме до ЕУ, САД и сериозните инвеститори дека сме некадарни да спречиме 6 000 000 евра чист грабеж.

Имајте во предвид колку градинки, училишта, водоводи и канализации се тоа годишно на годишно ниво.