Дали некогаш сте почувствувале мало возбудување кога ќе добиете известување дека сте собрале доволно поени за награда? Одговорот не е само во наградите што ги нудат програмите за лојалност, туку е длабоко вкоренет во нашата психологија.

Програмите за лојалност не се само маркетинг алатки, тие се внимателно дизајнирани системи што ја активираат нашата потреба за припадност, препознавање и награда. Добриот систем за награди треба да Ве потсети на едно нешто: лојалноста има своја вредност, и таа вредност треба да се наградува.

Зошто “лојалноста” се исплаќа?

Програмите за лојалност имаат голема улога во создавањето чувство на идентитет и припадност. Кога сте член на ексклузивна програма за лојалност, чувствувате дека сте дел од нешто поголемо. Се чувствувате како „почитуван клиент“, а не само уште еден потрошувач.

Ова чувство е посебно силно кога програмите за лојалност се поврзани со јасен и препознатлив бренд. Тогаш не станува збор само за поени или награди, туку за емоционална врска што се гради преку секојдневната интеракција и взаемно почитување.

Кога ваквите програми се внимателно осмислени, секоја трансакција станува начин да се препознае и награди лојалноста. Токму тоа го правиме и ние, преку нашите дигитални решенија.

Со програмата Mint Bonus, лојалноста не е само вреднувана – таа е прифатена како суштински дел од односот што го градиме со клиентите на Mint Fintech Group и нашите партнери.

Eфектот на приближување кон целта

Еден од најсилните психолошки фактори во програмите за лојалност е она што психолозите го нарекуваат “goal gradient effect” – ефектот на приближување кон целта. Кога се чувствуваме дека сме блиску до постигнување на некоја цел, нашата мотивација експоненцијално се зголемува.

Програмите за лојалност функционираат бидејќи ни даваат цел – секој Mint Coin, секоја продукт, создава „мини победа“ што го активира центарот за задоволство во мозокот.

Принципот на реципроцитет: Дајте и ќе добиете

Еден од основните столбови на програмите за лојалност е принципот на реципроцитет. Ова е длабоко вкоренето чувство кај луѓето дека кога некој ќе направи нешто за нас, ние чувствуваме обврска да му возвратиме.

На пример кога Mint Bonus ве наградува за секое купување, не само што Ви даваме нешто вредно, туку и создаваме чувство на взаемна корист. Вие добивате придобивки, а ние ја добиваме Вашата континуирана лојалност. Тоа е корисна ситуација за двете страни која е изградена на основно човечко однесување

Моќта на допаминот

Дали некогаш сте почувствувале мало возбудување кога ќе добиете известување дека сте собрале доволно Mint Coins за продукт? Тоа е допаминот во акција! Допаминот е невротрансмитер во нашиот мозок кој е поврзан со задоволство, мотивација и учење.

Кога очекуваме награда, нашиот мозок ослободува допамин (хормонот на среќа), што создава чувство на исчекување и задоволство. Програмите за лојалност вешто го користат овој механизам.

Циклусот на очекување и задоволство: користите услуга, собирате поени, ги користите за продукт, го добивате, се чувствувате добро, и тоа Ве мотивира повторно да купувате. Тоа е како мини-игра во нашето секојдневно користење на услуги, каде што победата е опиплива награда.

Лојалноста е емоционална, не само рационална

На површина, може да изгледа дека потрошувачите се лојални поради попустите. Но, реалноста е поемотивна. Кога брендот ве наградува, ви покажува дека ве ценат. А кога се чувствуваме ценето – ние возвраќаме со лојалност.

Луѓето ќе заборават што сте рекле, ќе заборават што сте направиле, но никогаш нема да заборават како сте направиле да се чувствуваат.“ – Маја Анџелоу

Затоа, во Mint Bonus секоја понуда ја градиме така што ќе ја препознаеме Вашата вредност како член. Не само затоа што сте потрошиле, туку затоа што сте избрале да останете.

Програмата е целосно бесплатна и достапна преку регистрација на Mint Bonus или со преземање на Mint App за што добивате 50 Mint Coins веднаш. Доколку веќе сте дел од Mint Bonus и ја превземете Mint App апликацијата добивате дополнителни 50 поени, што значи дека Вашите вкупни Mint Coins ќе бидат 100.

Што значи ова за Вас како потрошувач?

Програмите за лојалност, како Mint Bonus, се повеќе од средство за заштеда. Тие се платформи што ја вреднуваат Вашата доверба. Еве неколку совети како да ја извлечете најголемата корист:

  • Активно следете ги Вашите Mint Coins– Прогресот е мотивација!
  • Бидете во тек со понудите – Секогаш бидете први за нашите ексклузивни понуди.
  • Играјте паметно– Собирајте Mint Coins и користете ги за продуктите достапни на нашата Mint Store.

Mint Bonus: Програма за лојалност што е дизајнирана за вас

Кај нас, секој Mint Coin нoси вредност. Тоа е токен на благодарност што Вие сте дел од нашата платформа. Mint Bonus е тука да Ви го возврати за секој чекор назад.

Регистрирај се денес на Mint Bonus и започни да добиваш Mint Coins веднаш!
Бидејќи вистинските награди не се само во производите, туку во чувството дека некој навистина Ве вреднува.

Доколку имате прашања контактирајте не на е-маил: [email protected], или на телефон: 15 107, секогаш сме тука за Вас.