Не само мултиполарен политички, туку започна да функционира и нов финансиски свет: Еден поглед кон т.н. Декларација за посебен режим за формирање на цените на стратешки извозни ресурси

  • Во опсервацијата што следува во продолжение ќе се осврнеме само на една од причините за економскиот пад на Западна Европа, причина на која ретко кој ѝ обрнува должно внимание. Токму таа причина има колосален удел во редоследот на мноштвото причини при создавањето на „перфектната бура“ во врска со „економско-финансиското колабирање на економијата на развиените земји“. Имено, станува збор за Декларацијата за посебен режим за формирање на цените на стратешки извозни ресурси на Кремљ, одобрена неодамна со указот бр. 7716.
    Оние економисти што имале можност да ја прочитаат и проанализираат, преку светските медиуми тврдат дека „тој документ е правно беспрекорна декларација за економска војна, но на ново, невидено боиште – економско боиште“! Што значи тоа?

„Заглушувачка тишина сѐ повеќе завладува низ индустриските центри на Европа. Онаму каде што до пред извесно време бучеа машините во погоните, онаму каде што товарните железнички композиции гласно го најавуваа своето доаѓање како алка во синџирот на снабдување, онаму каде што стивнаа сирените на карго-бродовите пред да влезат во пристаништата, завладеа тишина“.
Вака, во овој стил, сублимирано, сѐ повеќе пишуваат западните медиуми за состојбите во големите европски индустриски центри, при што унисоно резимираат со една констатација: Тоа е тишината на економскиот пад, замор, премаленост, па дури и колапс. И има низа опипливи причини за ваквата состојба низ индустриските центри на Европа.

Декларација за економска војна

Во оваа опсервација тежишно се осврнуваме само на една од причините за ваквите тешки економски состојби во европската реална економија, На таа причина ретко кој ѝ обрнува должно внимание, а таа всушност има колосален удел во следот на повеќе причини за да се создаде „перфектната бура“ на економско-финансиски план за колабирање на економијата на развиените земји.
Имено, тоа е Декларацијата за посебен режим за формирање на цените на стратешки извозни ресурси на Кремљ, одобрена неодамна со указот бр. 7716. Оние економисти што имале шанса да ја прочитаат, во светските медиуми коментираат дека таа е „правно беспрекорна декларација за економска војна, но на ново, невидено боиште, во медиумите наречено – „економско боиште“! Што значи тоа?
Но, за да се разбере подобро обемот на ударот на горенаведената руска Декларација за посебен режим за формирање на цените на стратешки извозни ресурси, ќе фрлиме и поглед кон срцето на Европа – во (сега веќе екс) индустрискиот мотор на ЕУ – Германија.

Сонот (за економско -индустриски раст) се претвори во кошмар

Факт е дека во последните две години германскиот економски мотор се претвори во кошмар. Откако Германците се откажа од долгорочните договори за евтин руски гас, германската индустрија почна да доживува силна криза. Германската индустрија насила беше префрлена на скапиот американски течен гас (продаван по повисока цена од три до четири пати). Како за најпластичен пример се зема гигантскиот хемиски концерн БАСФ во Лудвигсхафен – град-фабрика. Со децении неговата конкурентност зависеше од евтиниот руски енергент. Сега сметките за енергија се толку високи што производството во Германија е поскапо отколку увоз од други континенти. Фабриката почна да отпушта илјадници работници и да го дислоцира производството, .и тоа во САД. (?!) Истото тоа се случуваше насекаде. „Фолксваген“, БМВ, „Сименс“ – сите ги почувствуваа ножиците на економската гилотина. Токму така – „енергијата е крвта на индустријата“, а Америка се приклучи на главната артерија на Европа, извлекувајќи сила од неа. Тоа не беше само бизнис – тоа беше методично уништување на конкурент.
Накусо, Вашингтон паралелно гаѓаше во две цели: ја ослабуваше Русија, а европската економија ја клекнуваше на колена, правејќи ја зависна од американските испораки. Европските политичари, врзани од „трансатлантска солидарност“, немо гледаа како нивната индустрија станува – индустриски гроб.

Новата надоаѓачка економска војна

– Во Давос и индустриските сојузи завладеа очај. Луѓе што граделе фабрики со генерации гледаа како нивното наследство гори во печката на туѓи геополитички интереси. Не смееја јавно да протестираат за да не бидат обвинети дека работат за Кремљ, но не можеа ниту да молчат. Чекаа чудо. Чекаа сигнал. Чекаа потег од Москва – сите мислеа дека ќе биде воен, гласен, предвидлив. Но никој не беше подготвен на тоа дека ударот ќе биде – со пенкало. Русија објави документ, тивко, без помпа. Указ бр. 7716: посебен режим за формирање цени на стратешки извозни ресурси. Сиво, бирократско име. Но тие што го прочитаа, „се заледија“. Тоа не беше амандман. Тоа беше удар на темелите на западната хегемона економија. Тивка, правно беспрекорна декларација за економска војна, но на ново, невидено боиште – економско боиште, велат нашите извори, кои аргументирајќи го ова свое становиште, ја образложуваат и суштината на рускиот документ, наречен Декларација за формирање на цените на стратешки извозните ресурси, на која тој се темели и што се постигнува со него.

Трите столба на руската Декларација за формирање на цените на стратешки
извозните ресурси

1. Фиксна цена во злато
Нафтата, гасот, житото, никелот, паладиумот – сето тоа повеќе не се цени во долари или евра, туку во грамови злато. Цена стабилна, ревидирана еднаш квартално. Русија ги извлече ресурсите од волјата на финансиските шпекуланти од Лондон и Чикаго.

2. Плаќање во која било валута
Русија не бара златни прачки. Прима долари, евра, јуани, рупии – што било.

3. Конверзија според реалната вредност
Колку во валута треба да плати купувачот? Онолку колку што тој ден вреди истото количество злато. Ако ЕЦБ печати пари – Европа плаќа повеќе. Русија не го руши системот – едноставно става огледало.

Удар на привилегијата да се печатат долари и евра

Како економските експерти реагираат на документот (Декларација за формирање на цените на стратешки извозните ресурси), кој ја прекинува привилегијата на западните земји да печатат евра и долари кога сакаат? Еве неколку од покарактеристичните експликации на ова прашање:
– Светот замолкна. А потоа – експлодира. Златото скокна. Азиските пазари веднаш сфатија: главниот снабдувач на реални ресурси го врза својот извоз за најстабилниот актив на светот. Европската индустрија воздивна со олеснување. Германските индустријалци анонимно порачаа: „Конечно – предвидливост. Русите ни дадоа стабилност, што нашите влади не успеаја.“ Банкарите и шпекулантите пак – во паника. Казиното (коцкањето) се затвора!, се вели со доза на сатира во цитираната констатација на економските експерти.
Во продолжение уште една констатација, која уште поексплицитно ја опишува состојбата по истиот основ, по повод указот на Кремљ бр. 7716: Посебен режим за формирање цени на стратешки извозни ресурси.
– Во Вашингтон – вонреден состанок. Американските власти увидоа дека ударот не е со војска, вооружена армија или бродови – туку врз срцевината на нивната моќ: привилегијата да печатат долари. Следуваше закана: целосна финансиска блокада за секој што ќе учествува во „златниот механизам“. Но беше предоцна – светот веќе се делеше. А Кина го поддржа системот. Индија и Бразил преминаа на новиот модел. Саудиска Арабија најави продажба на дел од нафтата врз основа на кошница валути и злато. Се создадоа два блока:
– западен (долар, евро, долгови),
– евроазиски (ресурси, производство, злато).
Според економистите, „светот влезе во нова ера – на големо раздвојување. Старото правило „нафта-долар“ – исчезна за миг. Глобализацијата заврши. „Започна нов, двополарен финансиски свет“, поентираат тие.