Вработените на Комерцијална банка уште еднаш покажаа дека тимскиот дух и ентузијазмот можат да донесат одлични резултати.

На меѓународните банкарски игри „Бофосијада 2025“, што се одржаа во Кладово, Србија, КБ тимот, предводен од Синдикалната организација на Банката, постигна извонредни спортски успеси и освои десет медали во повеќе спортски дисциплини.

Златни медали освоија Милена Петрески во куглање, Звонко Волчевски во пикадо, како и женскиот тим во куглање.

Сребро освоија тимовите во куглање – мажи, влечење јаже – жени и во одбојка, а во поединечна конкуренција второ место освои Соња Филиповска во куглање.

Бронзени медали им припаднаа на женскиот одбојкарски тим, на Никола Јаневиќ во шутирање тројки и на Славко Стефанов во куглање.

Честитки за КБ тимот и за неговата постојана посветеност со која редовно постигнува врвни резултати. Поддршката за спортските активности останува важен дел од нашето залагање за мотивирани, енергични и тимски ориентирани вработени.