Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека германските власти, со одбивањето на испораките на руска енергија од идеолошки и геополитички причини, го водат својот народ „до работ на бездната“.
Захарова изјави дека, и покрај влошувањето на германската економија, официјален Берлин продолжува да ги игнорира последиците од откажувањето од руската енергија, што, како што оцени таа, најмногу ги погодува германските граѓани, јави ТАСС.
Според неа, ниту еден современ германски политички лидер не наговестил за можноста за враќање на енергетската соработка со Русија, додавајќи дека таквата политика, тврди таа, води кон уништување на германската индустрија и економска стагнација.