Големина на европските економии според бруто-домашниот производ во 2025 година

  • Западна Европа го сочинува најголемиот дел од европската економија приспособена преку паритетот на куповната моќ од 43,8 трилиони долари, изразено во американски долари
  • Источна Европа (12,8 милијарди долари) ги надминува и Северна (7,8 милијарди долари) и Јужна Европа (8,3 милијарди долари) во однос на паритетот на куповната моќ, во голема мера потпомогната од руската економија (7,2 милијарди долари)
  • Сепак, во номинални американски долари, економијата на Источна Европа е најмала (4,6 милијарди долари), додека германската економија (4,7 милијарди долари) е поголема од нејзиниот удел

Додека многу луѓе го замислуваат просперитетот на Европа низ призмата на нејзините западни моќници и економија, подетален поглед на бруто-домашниот производ (БДП) на Европа по региони открива малку поразлична регионална слика. Визуализацијата го анализира производството приспособено на паритетот на куповната моќ (ПКМ) во 2025 година, покажувајќи како различните делови од Европа придонесуваат за колективното богатство на континентот.

Податоците за оваа визуализација, изработена од „Вижуал капиталист“, доаѓаат од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Кога економистите зборуваат за економски раст, најчесто зборуваат за раст на БДП, но за да бидат бројките појасни, оваа анализа се посветува на паритетот на куповната моќ, низ која може да ги утврдиме нивоата на цените низ земјите за да обезбеди поконкретен поглед на економската големина.

Паритетот на куповната моќ се мери во т.н. меѓународни долари и таа одразува што хипотетички може да се купи во секоја земја со еден американски долар.

Европски земји според БДП во 2025 година, приспособен за трошоците за живот

Во однос на куповната моќ, центарот на гравитација значително се поместува кон истокот на Европа. Бројките на аналитичарите покажуваат дека Русија е на самиот врв со најмногу средства за трошење, а по неа следува Германија, па Франција, Велика Британија, па Италија. Зад нив се Шпанија, Полска, Холандија, Романија…
– Руската економија со паритет на куповна моќ од 7,2 трилиони меѓународни долари ја поткрепува вкупната вредност на Источна Европа од речиси 12,9 трилиони меѓународни долари, прескокнувајќи ги и Северна и Јужна Европа – истакнуваат аналитичарите.

Аналитичарите укажуваат дека пониските нивоа на цените во земји како Полска, Романија и Чешка ја зајакнуваат локалната куповна моќ, зголемувајќи го нивниот придонес кога се приспособуваат според трошоците за живот.
– Ваквата состојба се нагласува бидејќи е показател како традиционалните мерки базирани на долари можат да ја потценат економската тежина во регионите со пониски трошоци – укажуваат аналитичарите.

Европска економска моќ во номинални услови

Кога се мери во американски долари, или номинални услови, производството на Западна Европа е несомнено доминантно.

Само Германија е на добар пат, бидејќи нејзината економија се очекува да достигне 4,7 трилиони долари во 2025 година, што е повеќе од колективниот удел на Источна Европа во американски долари (4,6 трилиони долари).

Заедно, западноевропските земји – вклучувајќи ги Велика Британија и Франција – сочинуваат приближно 11,5 трилиони долари, или 41 отсто од вкупниот номинален БДП на Европа.

Нивните напредни производствени бази, робусни потрошувачки пазари и силни трговски мрежи го држат регионот на врвот на економската хиерархија на континентот.

Но регионалните нееднаквости укажуваат на еволутивна економска приказна во Европа.

Аналитичарите посочуваат дека Северна Европа, водена од Норвешка, е богата со ресурси, додека Шведска се карактеризира со висока продуктивност, но има намалена стапка на население, спротивно на Јужна Европа, која, пак, продолжува да закрепнува од деценија бавен раст.

Но истовремено додаваат дека изминативе години, неколку централни и југоисточни држави – меѓу кои Полска, Романија и Унгарија – покажуваат едни од најбрзите траектории на раст на БДП на континентот, сигнализирајќи постепено ребалансирање на економските можности подалеку од историското јадро.