Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донела решение со кое постапката за преземање на Стопанска банка Битола од страна на српската Алта Банка се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација.
Комисијата ја информирала Стопанска банка Битола за оваа решение (донесено на седница на 19. август), вчера.
Алта Банка е дел од Алта Гроуп ДОО Белград, а српската Банка треба да добие дозвола за понуда за преземање од страна на КХВ.
-Во конкретниот случај, преземачот во барањето за запирање на постапката истакнал дека останува при намерата за преземање на Стопанска банка АД Битола, односно не се откажал од намерата за преземање на Стопанска банка АД Битола, туку само врши промена на преземачот во рамките на истата групација, велат од Стопанска банка Битола.