Остриот скок на цените на енергијата и поскапите услуги ја зголемија инфлацијата на потрошувачите во еврозоната како што се очекуваше, потврдија денеска објавените податоци, при што стапката на раст на цените е малку над целта на европските централни банки.

Стапката на инфлација во Европската унија е 2,3 проценти на годишно ниво во мај, и 2,0 проценти во еврозоната, соопшти денеска Евростат.

Најниски годишни стапки на инфлација се забележани во мај во Грција (-1,2 отсо), Малта (0,2 отсто) и Португалија (0,5 осто), а највисоки – Унгарија (5,3 отсто), Полска (4,6 отсто) и Луксембург (4,0 отсто). Во споредба со април, годишната инфлација се намали во четири земји на ЕУ, остана стабилна во една, додека порасна во дваесет и две земји-членки.

Најголем придонес за растот на годишната инфлација во еврозоната во мај дадоа енергетиката (1,19 процентни поени), услугите (0,45 п.п.), неенергетските индустриски добра (0,19 п.п.) и храната, алкохолот и тутун (0,15 п.п.).