Цените на златото сè уште се над границата од 4.000 долари за унца, која вчера ја пробија првпат во историјата. Од почетокот на седмицата цената на златото се зголеми за речиси 4 отсто.

А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во четвртокот утрото во однос на кошничка валути падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,70 поени, додека вчера во истото време беше 98,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 152,50 на 152,45 јени. Американската валута ослабе и во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1645 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето чинеше 1,1620 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот ослабе утрово за 0,61 отсто, на 65,90 долари, додека на американскиот пазар, цената на барел се намали за 0,72 отсто, на 62,15 долари.