Социјалните мрежи овие денови не им простуваат на КАМ маркетите. Под последната објава на официјалната Facebook страна на ланецот, се собраа десетици негативни коментари, сите со заедничка порака: „КАМ одамна не е тоа што беше.“

„Страшни цени, ненормално покачување, не се трпи веќе“, „КАМ е скап, прескап“, „А уште да ги има производите, супер!“, „Дојдов по кафе, излегов со кредит“ – се само дел од реакциите на разочараните купувачи кои очигледно веќе не веруваат во поимот „дисконт“.

Иако маркетот се обидува да привлече внимание со реклами за „висок квалитет и ниски цени“, коментарите сведочат за друга реалност. Корисниците иронично забележуваат дека наместо за шопинг, во КАМ се оди на вежбање трпение во редови и анализирање на ценовници кои се менуваат побрзо од акциите.

Додека цените растат, хуморот на народот останува стабилен. Единствената вистинска акција за КАМ деновиве е – онаа на Facebook.