Прашана дали случајот досега можеби требало да биде во истражна постапка со оглед на тоа дека се поминати 10 месеци од неговото откривање, директорката на УЈП Лукаревска во интервју рече дека станува збор за комплициран случај и дека таквите се подолги и пообемни за работа На прашањето дали во случајот има линии што водат до високи функционери на власта, директорката на УЈП рече дека не може да коментира такво нешто.

Велејќи дека не сака да и наштети на предистражната постапка што ја води обвинителството, Лукаревска не откри дали со овој случај државниот буџет е оштетен за 20 до 30 милиони евра, како што тврдеше опозицијата.

„Станува збор за неосновано даночно побарување, односно нешто што го попречува функционирањето на законот за данок на додадена вредност, во врска со законот за даночна постапка. Се уште не можеме да ја кажеме точната сума на пари, бидејќи откако го утврдивме овој сомнеж кој го имавме, веднаш ги преземавме сите дејствија кои ни се овозможени како инстутиција. На 21 јули лани го известивме МВР дека имаме вакви сомневања, а потоа во октомври доставивме уште еден допис за да ги наведеме сите поединости и за даночни обврзници и за дејствија кои се преземаат, какви чекори се прават и понатаму имавме уште едно надополнување на овие две барања“, изјави Лукаревска.

На прашањето дали овој случај досега требало да биде во истражна постапка со оглед на тоа дека се поминати 10 месеци, Лукаревска вели дека станува збор за комплициран случај и дека таквите се подолги и пообемни за работа.

На прашањето дали во случајот има линии што водат до високи функционери на власта, директорката на УЈП рече дека не може да коментира такво нешто.