Economy

 

  1. Економија – Економијата е поделена во две главни групи – микроекономија и макроекономија. Микроекономијата ги проучува однесувањето на потрошувачите, цените, на маржите … а макроеконимијата ја проучува пошироката економија, каматните стапки, бруто домашниот производ (БДП). Микроекономијата е корисна за менаџери, додека макроекономијата за инвеститорите.
  2. Закон за понуда и побарувачка – Овој закон е камен темелник на економијата. Секогаш кога залихата на некој продукт ќе се зголеми неговите цени паѓаат, а кога побарувачката за некој продукт се зголемува расте и цената на продуктот.
  3. Гранична вредност – Кога и да нешто имате во изобилство, за вас неговата вредност се намалува. Значи, 1000 денари ќе ви бидат повеќе вредни, ако заработувате 10000 денари месечно, отколку кога би заработувале 30000 денари месечно. Граничната вредност се користи при утврдување на цената.
  4. Бруто домашен производ БДП – Ова е основна мерка за големината на економијата. Концепциски, БДП е еднаков на збирот на приходите на сите граѓани во земјата, која е збир вредноста на сите стоки и услуги на пазарот на земјата. Во моментов, најголемата економија во светот е САД со БДП од 17,5 трилиони долари.
  5. Стапка на раст – Стапката на раст е обично се мери во однос на стапката на раст на БДП. БДП е мерка на приход на населението, а стапката на раст е груба пресметка за тоа колку годишниот приход расте во приход на просечната личност.
  6. Инфлација –  Цените на производите сега се повисоки отколку што беа во времето на нашите родители. Инфлацијата мери колку се зголемила цената на производите во однос на предходната година.
  7. Каматни стапки – Кога некому ќе му позајмите пари, очекувате да ви врати малку повеќе пари отколку што имате дадено. Овој вишок се нарекува камата. Каматната стапка е позитивен број кој мери колку вишок ќе добиете.
  8. Каматна стапка vs. инфлација vs. стапки на раст – Постои речиси еден инверзен однос помеѓу каматните стапки и стапки на раст, а каматните стапки може директно да влијаат на инфлацијата. Па кога ќе се зголемат каматните стапки, инфлацијата паѓа заедно со стапката на раст. Првата е добра, а другата е лоша. Значи, постои константна тензија во одредувањето на каматните стапки.
  9. Фискална политика – Владата може да ја контролира економијата за да ги приспособат своите трошоци. Механизмите со кои се тоа прави се нарекува фискална политика. Кога Владата троши повеќе, тоа доведува до зголемување на побарувачката и зголемување на цената. Тоа исто така значи повисока стапка на раст и повисока инфлација. Принципот работи и обратно.
  10. Деловен циклус – Економиите имаат свои периоди на раст и пад, кои ротираат во циклуси од околу седум години. На почетокот на циклусот се бележи раст, потоа економијата го достигнува својот врв, а дури потоа доаѓа до контракции што водат кон рецесија и на крајот доведуваат до експанзија.