Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги објави ТОП 100 најуспешните албански компании во Македонија.

Компаниите се рангираат врз основа на пет клучни индикатори, како што се: годишниот приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестиции и „ROE“ (поврат на капитал).

Подолу се рангирани петте најуспешни компании од листата:

Компанијата што ја доби првата награда оваа година и беше прогласена за најуспешна компанија за 2017 година е компанијата „НЕПТУН“.

Како втора најуспешна компанија беше прогласена „КИППЕР“ (KIPPER), а на трето место беше компанијата „БАС ТУТИ ФРУТИ“ (BAS TUTI FRUTI).

„ПОФИКС“ (POFIX)  компанијата оваа година е рангирана како четврта најуспешна компанија во Македонија, додека петтата награда ја доби „ВАРДАР ДОЛОМИТ“ од Гостивар.

Оваа година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за време на манифестацијата додели награди и во три категории: за најбрзорастечката компанија во последните три години, компанијата „АЛА“ од Струга, компанија за успешна трансформација на бизнисот, „АДЕЛ ХОЛДИНГ“ од Тетово и  компанија за најбрзо проширување на глобалните пазари „Куантум“ од Скопје.