Царинската управа чешла фактури на 11 увозници на зеленчук и овошје и тоа кои набавувале од  Грција, Србија, Турција и Албанија  за период од пет месеци. Од Царинската управа посочуваат дека и во декември лани имале сомневање за веродостојноста на приложени факктури за земјоделски производи и тоа за два увозника кои веќе се испратени до царинската администрација во Грција. Но, според денешното соопштение на Царинска управа државата за одговор од земјите извозници може да чека дури и 10 месеци.

  • Доколку добиените одговори од царинските администрации ги потврдат сомневањата дека се приложувале лажни фактури при спроведувањето на увозната постапка, Царинската управа за овие увозници ќе покрене постапка за дополнителна наплата на избегнатите давачки, како и постапка за утврдување на прекршочна или кривична одговорност, во зависност од износот на избегнатите давачки, се вели во соопштението на Царинска управа.

Детална анализа за можни лажни фактури за земјоделските производи кои на нашите пазари пристигнуваат од странство се прави и за период од три години, од царинската управа посочуваат доколку се утврди дека на увозниците им помагале и царински службеници против нив ќе бидат преземени и соодветни мерки за утврдување на одговорност.

Низ пазарите и супер маркетите се и инспекторите од пазарен, од каде што денеска информира дека од денот на донесување на одлуката за замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето извршиле 650 надзори, а 22 економски субјекти не ја почитувале одлуката и ќе бидат казнети во висина од над 1.300.000 денари.

  • Дополнително, има постапки во тек од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кои ја прекршиле Одлуката. Инспекторите и понатаму се на терен, велат од Државниот пазарен инспекторат.

Граѓаните пред Велигденските празници се низ пазарите и супер маркетите сметаат дека доматот, краставицата и пиперот и покрај замрзнатите цени сѐ уште се високи и одвај достапни за џебот на граѓаните.