Формирање работна група во најкраток можен рок која ќе понуди оперативни решенија за овозможување исплата на регрес за годишен одмор К-15 за сите вработени во јавниот сектор и истите ќе се презентираат на средба со синдикатите најдоцна до 20 јануари 2022 година било договорено на состанокот на претставници од ССМ, министерот Јетон Шаќири и советникот на премиерот за Труд и социјална политика Милан Живковиќ по протестот во неделата. Сојузот на синдикатот бара регрес од минимум 30 % од просечната плата и максимум 100% во зависност од можностите на институциите.

„Ние како ССМ бараме сите работници да го добијат правото на регрес, бидејќи само на тој начин ќе биде исправена грешката со работниците ги делиме на вакви и онакви, а не смееме тоа да го правиме, бидејќи согласно Уставот сите работнички права важат за сите работници во Македонија.“, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Здравствените работници, просветните, полицијата, војската, дел од вработените во Центрите за социјални работи се дел од работените кои не добиле К-15, а според Претсдателот на ССМ се столбови на нашето општество.

„Работната група ќе биде составена од сите релевантни институции (МИОА, МФ, МТСП, ВП за економски прашања. Кабинет на ПВРСМ) со прецизна пресметка за тоа кој од вработените во јавниот сектор веќе има право на регрес за годишен одмор и зема К-15, а колку од вработените не.“, велат од Владата.

На 20-ти јануари ќе имаат уште една средба на која ќе ги изнесат анализите и ќе добијат одговор од Владата. Но, што доколку не се прифати нивното барање?

„Ако не се прифаќа знаете ние идеме понатаму, направивме штрајкувачки одбори не отстапуваме од нашите барања како и за недела неработен ден и пораст на минималната како и сите останати плати. За што добивме исто цврста гаранција од пратениците дека уште оваа недела ќе биде изгласан и ќе важи од први јануари.“, претседателот на ССМ, Димовски.

Владата и синдикатите се согласни дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор што немаат право на К-15 не е голем, бидејќи со колективни договори на ниво на работодавач и на ниво на гранка голем дел од нив веќе се здобиле со ова право.