Стандардот на народот драстично опаднат заради СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

25.000 денари денес, се како 20.000 денари минатата година, стандардот на народот драстично опаднат заради СДСМ.

Според истражувања на ФАО, податоци кои ги објавија одреденк медиуми, цената на храната е зголемена и до 30% во однос на минатата година.

Во Македонија веќе имаме инфлација, а за тоа е виновна владата и пиунот Димитар Ковачевски, кој за сето ова време беше заменик министер за финансии.

Откако не направи ништонза да ја спречи инфлацијата, Ковачевски како прва своја мерка презема покачување на струјата и парното за 15%.

И сето ова доаѓа кога од народниот буџет се потрошија 86 милиони евра за само два месеци за купување на скапа струја.

СДСМ наместо да зборува за економија, да излезе на избори, зошто ниту знаат, ниту можат да се справат со економската криза, а страдаат сите. Потребна е нова влада без СДСМ.