Книжевно богатство на 25 македонски извонредни романи произлезе од наградата „Роман на годината“. Комерцијална банка како горд спонзор со огромно задоволство ќе го изложи наградените романи во свои простории.

Примероци од наградените македонски романи во изминатите 25 години со престижната награда „Роман на годината“ се најдоа трајно изложени во специјални витрини не само за да бидат сочувани од забот на времето, туку и за да ѝ бидат прикажани на јавноста во еден поинаков амбиент од книжарниците.

Така, клиентите на Комерцијална банка и целокупната јавност ќе имаат можност да ги видат овие извонредни литературни дела изложени во експозитурата во ГТЦ во Скопје и во филијалите во Прилеп, Струмица и во Битола.

Комерцијална банка е долгогодишен Генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и пријател на македонскиот роман и затоа е особено горда што сега тој најде свое место и во нашите простории.

Наградата „Роман на годината“ се доделува под покровителство на Комерцијална банка, а се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари за авторот. Банката за избор на „Роман на годината за 2023“ обезбеди вкупна финансиска поддршка од 360.000 денари, од кои 210.000 денари беа наменети за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата и за организација на активностите од страна на Фондацијата.

Наградата „Роман на годината“ и Комерцијална банка создаваат вредно наследство за сите идни генерации, во кое дефинитивно спаѓаат и досега наградените 25 романи.