Основачот на блокчејн мрежата Ethereum – Виталиј Бутерик, стана најмладиот милијардер во светот на криптовалутите. Тој има само 27 години.

Етереум ја премина границата од 3.000 американски долари за прв пат во историјата во понеделникот и во моментов се тргува со околу 3.250 долари.

Растот од почетокот на годината е 325%, што ја прави криптовалутата една од активите со најдобри перформанси за 2021 година.

Според Форбс, Бутерик поседува 333.520 етери, проценети на нешто повеќе од 1 милијарда долари.

„Потсетувам: крипто-валутите се уште се нова и хиперволативна класа на средства и нивната вредност може да падне на нула во секој момент“, напиша Виталик Бутерик на Твитер пред некое време.