32 работнички од штипска текстилна конфекција добија  обештетување од околу 42.000 евра од два странски брендови.

Битката и преговорите, кои ги водеше „Гласен Текстилец“ се одвиваа две години. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека на Балканот ова е прва ваква победа за текстилните работнички, кои останаа без работа.

Според Ампева ова треба да биде пракса која ќе им покаже на македонските работодавачи дека, постои мрежа на асоцијации во цела Европа, вклучително и Македонија, кои ги штитат работниците.

Забележа дека европските брендови се општествено одговорни, за разлика од одредени компании во земјава, кои работат за нив.

Странските брендови во овој случај ги расчистија партнерските односи со штипската  конфекција,  а соработката ја продолжиле со други македонски компании