Некогашниот гигант за обувки Баргала оди во стечај. Поради неисплатени 4 плати и блокирана сметка 45 дена, работниците, преку Синдикатот побарале отворање постапка. Должникот има забрана да располага со имотот без одобрение од стечајниот управник. Фабриката, која работеше лон производство за познати странски брендови, од 1,200 вработени, последниве години бројот се сведе на 300. Пред неполн месец на 100 им подели откази, а од денеска без егзистенција останаа уште 200.

– Не видовме друг излез и моравме да си ги побараме нашите неисплатени 4 плати. Да не заборавиме дека пред неполн месец, газдата незаконски реши да отпушти 150 лица, изјави Дарко Димовски, ССМ.

Нови 160 откази се спремаат и за фабриката за облека МОДА од Свети Николе. На 45 вравотени им завршиле договорите за работа, а останатите 110 ќе заминат како технолошки вишок, уверува првиот човек на конфекцијата Димитров. Поголиот дел од нив сами се пријавиле, затоа што ќе им бидат исплатени 2 плати и отпремнина, а со останатите се водат преговори. Според Димитров, се одлучиле на ваков чекор затоа што немаат нови нарачки, а залихите им се полни со роба од изминатите сезони. Синдикалниот лидер вели дека бурно ќе следи дали ќе се почитуваат работничките права.

– Согласно годините стаж, за прогласување технолошки вишок, треба да се исплатат и одреден број на плати. Синдикатот ќе се заложи со сите сили и будно ќе ја следи сутуацијата, бидејќи знаеме, тие критериуми за прогласување технолошки вишок баш така лесно не се исполнуваат, додава Димовски, претседател на Синдикати на Македонија.

Нови откази се подготвуваат и во останатите конфекции. Според најавите, од 30 до 50% од работниците, претежно од текстилиот сектор, ќе бидат отпуштени на есен.