Албанската Генерална даночна дирекција објави дека сите комерцијални објекти во Албанија мора да бидат опремени со ПОС терминал до 30 мај 2026 година.
Користењето на ПОС терминали има за цел да обезбеди подобра и побрза услуга за клиентите, полесно плаќање и зголемена транспарентност на трансакциите.
Генералната даночна дирекција објави дека се очекува воведувањето на опцијата за плаќање со картичка да придонесе и за формализација и зајакнување на туристичкиот сектор, помагајќи во подобрувањето на деловната клима во земјата.
Даночната управа ги повикува сите даночни обврзници да ги преземат потребните мерки за исполнување на таа законска обврска во утврдениот рок, предупредувајќи дека непочитувањето може да резултира со административни мерки.