Дека режимската десничарска влада на ДПМНЕ не познава основни човечки карактерни вредности како висок морал, транспарентност, отчетност, почит и сочувство, се покажа деновиве преку координиран личен напад врз земјоделците и сточарите кои протестираа и ги бараа правата кои им следуваат.

Министерот за земјоделство во заминување, Цветан Трипуновски, во обид да му се додвори на премиерот Мицковски пред најавената реконструкција на владата за да  ја задржи фотелјата која ни малку не му прилега, приредува ток – шоуа низ градовите со партиски членови и послушници. Но, кога на тие настани ќе се појават вистински земјоделци и ќе постават конкретни прашања за реални проблеми, потсетувајќи го министерот на сите претходно искажани лаги и неисполнети ветувања од негова страна, тие се етикетираат, се оцрнуваат и јавно се дискредитираат.

Дека овој министер и оваа влада се без компас, потврдува и фактот што по повеќе од еден месец од кризата со цените и горивата, сѐ уште нема донесено ниту една антикризна мерка за стабилизација на пазарот на прехранбени производи, како и обезбедување на зелена нафта за земјоделците.

Следствено на ова, како партија на работниците и земјоделците, уште еднаш го повторуваме нашето барање за оставка на министерот Цветан Трипуновски. Од владата бараме итни антикризни мерки со кои ќе им се помогне на земјоделците и граѓаните.