Глобалните јавни финансии се под зголемен притисок, а вкупниот државен долг би можел да достигне 100 проценти од светскиот БДП до 2029 година, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во анализа на фискалните случувања за периодот 2025 – 2026 година како дел од Фискалниот монитор.
Според податоците од извештајот, глобалниот јавен долг се зголемил на речиси 94 проценти од БДП во 2025 година, а земјите продолжуваат да се соочуваат со значителни притисоци врз трошењето и каматните оптоварувања.
Глобалниот фискален дефицит останува висок, на околу пет проценти од БДП, додека трошоците за камати значително пораснаа – од два до речиси три проценти од глобалниот БДП во последните четири години, поради рефинансирање на долгот со повисоки каматни стапки.