Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека и покрај враќањето на ДДВ-то на дизел горивото на 18%, очекува намалување на цената, додека кај бензините немало реакција на ДДВ-то, поради тоа што смета дека доколку се случело да се врател на 18%, ќе имало поскапување.

„Со враќањето на ДДВ-то на 18%, повторно ќе имаме намалување на цената на дизел горивата, додека кај беинзите таа состојба не е така, и ако го вратевме и таму данокот тогаш ќе имавме зголемување на цената на бензините“, изјави Мицкоски.

Премиерот рече дека очекува утре Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која ќе ги намали цените на бензините и на дизелот за 1,5 денари.

„Имајќи ги во предвид случувањата на светската политичка сцена, ние како Влада реагиравме со намалување на ДДВ-то и на акцизите. Така, очекуваме Регулаторната комисија за енергетика да донесе нова корекција на цената, и бензините и дизел горивото да поевтинат за околу 1,5 денари“, рече Мицкоски.