Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права.

1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина.

Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, па така и оваа, 8-ма година по ред на 1 Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом во Скопје започнува ПРОТЕСТ под мотото ,,ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ”

Оваа година, 1ви Мај беше и на 28 јануари и на 14 март кога илјадници работници протестираа за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатите плати, а притестите ќе продолжат и по 1ви Мај, затоа што веќе на 4-ти Мај , првиот работен ден, минималната плата повторно ќе биде најниска во регионот, а македонските работници ќе имаат најниски плати во регионот !

Повикуваме на солидарност и од работниците за кои синдикатите веќе се изборија за покачување на нивните работнички плати.

Работничката солидарност не смее да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас.

Затоа, на 1 Мај да бидеме солидарни, гласни, обединети и одлучни!

Излези на протест, застани рамо до рамо со своите колеги и покажи дека работничкиот глас не може да се игнорира.

Македонија за повисоки плати !

За плата се бориме – не се молиме!