Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2026 година изнесувала 69.371 денар, додека нето-платата достигнала 46.159 денари, покажуваат најновите податоци. Во споредба со истиот месец минатата година, бруто-платата е зголемена за 7,3%, а нето-платата за 7,2%.
Растот на платите најмногу се поврзува со зголемувањата во секторите административни и помошни услужни дејности, рударство и вадење камен, како и во дејностите поврзани со снабдување со вода, отпадни води и управување со отпад.
Од друга страна, во однос на претходниот месец е забележано намалување на платите во земјоделството, шумарството и рибарството, другите услужни дејности, како и во секторот уметност, забава и рекреација.