Во соседна Црна Гора денес, 24 април, ќе стапат во сила измените на Законот за работни односи, со кои законски ќе се врати возраста за пензионирање од 66 на 67 години. Оваа одлука, која директно влијае на пазарот на трудот во регионот, предизвика жестоки дебати меѓу владата и тамошната опозиција.

„Ќе стапат во сила измените на Законот за работни односи, со кои ќе се врати возраста за пензионирање од шеесет и шест на шеесет и седум години. Ова ќе ги задоволи барањата на синдикатите и потребите на пазарот на трудот“, изјави пратеникот на Бошњачката партија Мирсад Нурковиќ.

Нурковиќ, кој е заменик-претседател на Парламентот, вели дека главниот мотив за зголемување на возраста за пензионирање бил да се задоволат барањата на синдикатите и пазарот на трудот.

„Овој мотив на крајот нè определи сите нас што го поддржавме во парламентот. Законот за работни односи се однесува на компаниите, на сите јавни институции, освен на јавната администрација, и верувам дека тој до одреден степен ги задоволува потребите на синдикатите, но и потребите на пазарот на трудот“, истакна Нурковиќ.

Првиот ден од примената на изменетиот Закон за работни односи, со кој се зголемува старосната граница за престанок на работен однос на шеесет и седум години, со најмалку петнаесет години стаж, е петок, 24 април.