Додека државата се бори со заразни болести кај животните, ветеринарите предупредуваат дека системот е на работ на колапс. Буџетот за ветеринарните друштва е преполовен, а дел од веќе извршените услуги сè уште се неисплатени. Од Комората велат дека некои ординации се пред затворање, што може сериозно да го доведе во прашање здравјето на животните и контролата на заразните болести…

Ветеринарните друштва се пред финансиски колапс. Не им се исплатени средствата за 2025 година, сепак тековната година ја работат на терен, справувајќи се секојдневно со заразните болести кај животните, особено во руралните средини. Од ветеринарната комора предупредуваат дека ова драстично ќе влијае врз здравјето на животните, а со тоа и на луѓето.
„Ветеринарите: Чувари на храната и здравјето“, годинашното мото на Светскиот ден на ветеринарната професија. На координативен состанок разговараа за најсериозната криза со која се соочува ветеринарниот сектор во последните децении.
Климатските промени кај нас донесоа болести кај животните кои одамна не постојат. Како бруцелозата, туберкулозата и африканската чума.
Побаравме одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство.
„АХВ работи на подготовка на нова одлука за висината на надоместоците. Во очекување сме на ребалансот на буџетот за да видиме колку дополнителни средства ќе бидат одобрени. Со претставници од Ветеринарната комора и Владата, разговаравме за корекција на цените. Дали ќе биде тоа во висина од 40% или 50%, ќе се знае откако ќе биде донесен ребалансот. Во финална фаза е подготовката на истата. Заостанатите обврски од минатата 2025 година се доставени за исплата до трезор и согласно со утврдената динамика од Министерството за финансии, се врши и исплатата на финансиските средства. Во АХВ нема заостанати фактури за реализираните активности, освен оние кои тековно пристигнуваат“, велат од АХВ.
Со надминување на овој проблем, не би било загрозено здравјето на животните и на домашните миленици.