Снабдувањето со енергенси, вклучувајќи и со дизел-гориво во земјата е стабилно, но, идејата за рестартирање на „Окта“ за повторно производство на дизел одново е ставена на маса. Властите побарале од сопствениците на компанијата да направат есап за исплатливоста.

Снабдувањето со енергенси, вклучувајќи го и дизел-гориво во земјата е стабилно, а идејата за рестартирање на „Окта“ и повторно производство на дизел гориво останува како опција, изјави министерката за енергетикам Сања Божиновска. Во услови на криза на светските пазари кои се соочуваат со ценовен притисок снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, компаниите располагаат со обезбедени залихи, дополнително снабдувањето е зајакнато преку продуктоводот „Вардакс“.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека Владата побарала од сопствениците на „Окта“ да ја разгледаат можноста за повторно активирање на рафинеријата. Според него, во моментов се врши дефектажа. Очекува информација, дали и во кој рок рафинеријата би можела повторно да биде пуштена во погон.

Доколку глобалните ценовни притисоци продолжат подготвени сме да ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за да го заштитиме стандардот на граѓаните вели Божиновска., додава и дека веќе е разговарано со сите нафтени компании, при што тие се изјасниле дека имаат нафта.

Од Владата уверуваат дека нема опасност од недостиг на горива до крајот на годинава и дека не очекува застои во снабдувањето ниту во текот на следната година.