Сточарите од пелагонискиот регион најавуваат протести и блокади доколку не им бидат исплатени субвенциите по грло говедо за 2025 година и премијата за предадено литар млеко во преработувачки капацитети од ланскиот јуни. Имено, Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на 30ти јуни на протестот во Битола со блокада на подрачната единица на Министерството за земјоделие, во центарот на градот.

Дали и кога ќе бидат исплатени овие субвенции, 24 праша и во ресорното Министерство,.

ТЕЛОП – МЗШВ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано ја следи состојбата во секторот сточарство и е во редовна комуникација со засегнатите страни. Во однос на исплатата на субвенциите, ве известуваме дека ја врши Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно одредената динамика.

Сепак, сточарот Бучински алармира дека ситуацијата во сточарството е тешка, не само поради високите трошоци за фармите, туку дека револтот дополнително расте и поради актуелната состојба со откупот на млекото и намалената цена.

Причината за актуелната ситуација, сточарите ја гледаат во недоволната заштита на домашното производство од увоз. Инаку, според програмата за финансиска поддршка во земјоделството, донесена во февруари годинава, Владата обезбеди поддршка од 6 милијарди денари за земјоделието.