Во Хрватска годинава работат 6.849 македонски државјани, покажуваат податоците за издадените дозволи за престој и работа на странци.
Во првите пет месеци од 2026 година, хрватските власти издале вкупно 80.780 работни дозволи за граѓани од трети земји. Најбројни се работниците од Босна и Херцеговина, Србија, Филипините и Непал, додека меѓу најзастапените се и државјани од Индија, Узбекистан и Косово.
Странските работници најчесто се вработени во туризмот, угостителството и градежништвото, а дел работат и во индустријата, транспортот и трговијата.
Од хрватската Стопанска комора наведуваат дека привлечни фактори се повисоките плати и подобрите услови за работа.