Во 2025 година, 27,5 отсто од населението на Европската Унија на возраст од 16 години или повеќе не можело да си дозволи еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Во споредба со 2024 година, овој процент е зголемен за 0,5 процентни поени. Сепак, состојбата е значително подобра во однос на 2015 година, кога уделот бил повисок за 7,7 процентни поени.

Најголем процент на граѓани кои не можеле да си дозволат еднонеделен одмор е регистриран во Романија – 61,4 отсто. Следуваат Грција со 46,6 отсто, како и Бугарија и Унгарија со по 39,1 отсто.

На спротивниот крај се наоѓа Луксембург, каде што 10,6 отсто од населението не можело да ги покрие трошоците за ваков одмор. Ниски стапки се забележани и во Шведска – 12,4 отсто и во Холандија – 12,8 отсто.