Народната банка на Република Северна Македонија ги советува граѓаните кои планираат да подигнуваат готовина во странство, пред патувањето да ги проверат условите и провизиите на својата банка.
Како што се наведува во соопштението, трошоците за подигнување пари од банкомат на странска банка зависат од договорите меѓу банките, а во одредени случаи услугата може и да не биде достапна.
Од Народната банка посочуваат дека особено внимание треба да се обрне при користење кредитна картичка, бидејќи провизијата за подигнување готовина може да биде повисока.

Граѓаните се повикуваат навреме да ги проверат сите услови и да го изберат најповолниот начин за користење на своите средства во странство, со цел да избегнат непотребни дополнителни трошоци.