Во текот на јули девезните резерви се зголемени за 74,4 милиони евра. На крајот од месецот биле во износ од 5,011 милијарди евра.
Според најновите податоци на Народната банка, најголемиот дел од девизните резерви – 71,1 отсто, се пласирани во хартии од вредност. Во монетарно злато се вложени 15,6 отсто, а во валути и депозити 13,2 отсто.
На годишно ниво, девизните резерви се зголемиле за 341,1 милион евра, односно за 7,30 насто. Во јули 2025 година биле на нивото од 4,6699 милијарди евра.
Со девизните резерви располага Народната банка, а се насочени кон одржувањето на стабилноста на девизниот курс и финансискиот систем – преку интервенции на девизниот пазар, за финансирање на потребите од платниот биланс и за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг. Воедно, претставуваат и заштитен механизам во услови на надворешни економски шокови.