Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%).