Еден супермаркет во Финска најде необичен начин да ги поттикне луѓето да се запознаваат во живо. За купувачите кои се слободни и заинтересирани за ново познанство, достапни се розови корпи кои служат како суптилен знак дека се отворени за разговор и запознавање.

Наместо прв контакт да се случи преку апликации за запознавање или социјалните мрежи, идејата е сосема едноставна секојдневното пазарување да стане можност за ново познанство. Розовата корпа на ненаметлив начин им покажува на останатите купувачи дека лицето е слободно и расположено да запознае некого.

Иницијативата привлече внимание токму поради својата едноставност и поинаков пристап кон запознавањето. Останува прашањето: дали ваква идеја би функционирала и во нашите супермаркети?