Харвардската бизнис школа тестира нов пристап во образованието со професори претставени преку аватари создадени со вештачка интелигенција.
Осумнеделната онлајн програма HBS Foundry, која чини 699 долари, е наменета за претприемачи и им помага да развиваат бизнис идеи, подготвуваат презентации за инвеститори и вежбаат продажни и деловни состаноци.
Дигиталните аватари се базирани на вистински професори и инвеститори, а учесниците имаат пристап и до AI асистенти обучени со материјали од професорите на Харвард.
Идејата е со помош на технологијата знаењето и менторството да им бидат достапни на многу поголем број идни претприемачи. Во пилот-фазата програмата била тестирана на повеќе од 100 универзитети во САД.
Иако дел од професорите признаваат дека интеракцијата со нивните дигитални двојници може да изгледа необично, првите реакции од корисниците биле позитивни.
Сепак, Харвард не се откажува од човечката интеракција – форумите и разговорите меѓу учесниците остануваат еден од најценетите делови на програмата.